Новости

Балкан

Влез во Албанија е дозволен за сите, без корона-тест или сертификат

Албанија ги отвори своите граници за туристите без никакви услови поврзани со пандемијата на корона вирусот.

Соопштението од Министерството за надворешни работи прецизира дека негативен тест за корона, или какви било посебни документи, нема да бидат потребни за влез во Албанија.

Министерството наведува дека границите на Албанија ќе бидат отворени за сите албански и странски државјани за време на туристичката сезона, пренесува албански Daily News.

Од 1 јуни веќе не е задолжително да се носат маски на отворено, додека ќе продолжат да се носат во затворени простории и на места каде што не е можно да се одржува социјална дистанца. Времето на полициски час е скратено и сега трае од 23 до 6 часот наутро.

Одлучено е и дека од 15 јуни ќе биде дозволено собирање до 15 наместо до 10 лица, а од 1 јули се планира уште повеќе да се скрати полицискиот час, односно од полноќ до 6 наутро, а сите спортски и културни настани се отворени за јавноста до 30 проценти од капацитетите.

Евротип
Евротип
To Top