Новости

Балкан

Внимавајте од каде и од кого купувате – Во Србија уапсена жена која продавала отровни печурки

Шест пациенти кои се затруле од печурки се хоспитализирани на Военомедицинската академија во Белград, соопштија од установата. Во тешка состојба била примена 57-годишна жена од Шабац, а примено е и четиричлено семејство од истиот град, пишува euronews.

Како што открива РТС, хоспитализираната жена била примена со тешки гастроинтестинални тегоби и 100 отсто зголемување на ензимите на црниот дроб. Со слични гастроинтестинални тегоби и лезија на црниот дроб било примено и четиричлено семејство од Шабац. Жена од Белград има гастроинтестинален синдром и е во подобра општа состојба.

Кој ги продавал отровните печурки?

Пациентите од Шабац печурките ги набавиле од неовластен продавач и ги консумирале мислејќи дека се лисичарки. Напоменуваат дека печурките биле скршени и дека имало најмалку три вида, што го отежнува препознавањето.

Полицијата во Шабац уапсила 72-годишна жена поради сомнение дека во изминатите денови продавала печурки на пазарот во тој град, поради што неколку лица настрадале од труење, соопшти српски MUP.

Евротип
SNBROKER
To Top