Новости

Балкан

Во Грција ќе може да се влезе и со брз тест

Почнувајќи од 21 јуни, во 6 часот наутро по локално време, граѓаните на земјите од зелената листа на ЕУ, во која е и С.Македонија ќе можат да влезат во Грција со негативен тест за антиген.

На вчерашната прес-конференција, како што објави грчката веб-страница за цивилна заштита, заменик-министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, рече:

– Подобрувањето на епидемиолошките податоци, во комбинација со тековната програма за вакцинација, ни овозможува да продолжиме да ги укинуваме ограничувачките мерки за рестартирање на други активности.

Тој исто така додаде дека едногласната одлука на Комитетот, која се состана вчера, е следна:

– Што се однесува до општите правила за влез во земјата, да им се дозволи влез со негативен брз (антигенски) тест од земјите на зелената листа на ЕУ, до 12-годишна возраст, можат да влезат во земјата без потреба од тест, доколку доаѓаат од земји кои се на оваа листа.

Во Грција другите документи остануваат валидни како и досега.

Вакцинираните лица доставуваат потврда за примање на две дози вакцина, издадена од официјални државни институции, под услов втората доза на вакцина против коронавирус да се прими најмалку 14 дена пред поаѓањето. Втората опција е негативен тест за PCR не постар од 72 часа и третата, потврда на инфекција од минатото, на возраст од 2 до 9 месеци од датумот на патување. Сега, на сето тоа е додадена можноста за преминување на границата со негативен тест за антиген, што е трипати поевтино од PCR-тестот.Фајзер / Бајонтек, АстраЗенека, Синофарм и Спутник В се признаени вакцини во Грција.

GOLD
To Top