Новости

Балкан

(Во живо) Како е вечерва во Србија – судир меѓу две групи демонстранти

Српските граѓани трета вечер по ред се собраа пред зградата на Собранието на Србија во Белград, а голем дел од нив седнаа на улицата со транспраренти во рацете на кои пишува „Не наседнувај, седни“ и „Апси ги хулиганите, не го тепај својот народ“. На сличен начин се протестира и во Нови Сад, Ниш, Чачак и други градови во Србија.

Насобраните на овој начин се оградуваат од групите и поединците кои на протестите во претходните две вечери се судираа со полицијата.

„Седнете“ е она што постојано скандира . Мајки со деца и мали деца се исто така на протестот. Сликата вечерва е сосема различна од претходните два вечери. Во текот на целата вечер имаше неколку вербални судири меѓу седечките демонстранти и демонстрантите кои не се согласуваат со мирниот протест.

GOLD
To Top