Новости

Балкан

Во Словенија ќе биде воведена забрана за движење меѓу општините

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, синоќа објави дека во вторник ќе биде воведена забрана за движење меѓу општините, која ќе важи на територијата на целата земја. Забраната, која ќе биде во сила седум дена, постепено ќе се олеснува во оние региони кои најуспешно ќе се борат против пандемијата на коронарниот вирус.

Јанша на Твитер ги повика граѓаните да ги сведат контактите на минимум, за ограничувањата да бидат укинати што е можно побргу, пренесува Танјуг, повикувајќи се на СТА.

Премиерот рече дека случаите во кои граѓаните ќе можат да ги напуштат своите општини ќе бидат слични на оние во март, кога важеше слична мерка.

Исклучоците се очекува да бидат слични на оние што се поврзани со забраната за движење меѓу регионите што е веќе на сила, како што се патувања за работа, земјоделство, лекари или аптеки, грижа за близок роднина.

Вчреа во Словенија беа евидентирани 1.675 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што вкупниот број на потврдени случаи се зголеми на 14.288. Како резултат на КОВИД 19, досега во таа земја починале 241 пациент.

GOLD
To Top