Новости

Балкан

Во Србија пристигнуваат уште 50.000 дози од вакцината „спутник V“

Утре или задутре во Србија ќе бидат доставени 50.000 дози од руската вакцина „спутник V”, потврди министерот Ненад Поповиќ.

„Пред неколку часа добивме информација од нашите руски партнери од Министерството за индустрија и рускиот фонд за директни инвестиции дека за Србија утре се подготвени уште 50.000 вакцини. Тие вакцини ќе бидат доставени утре навечер или задутре наутро со авион на Ер Србија во Белград“, рече Поповиќ за РТС.

Наведе дека овие вакцини се резултат на директни разговори меѓу претседателот Александар Вучиќ и претседателот на Русија Владимир Путин од пред неколку дена, кога се разговарало за процесот на вакцинација.

GOLD
To Top