Новости

Балкан

Во Србија се бара затворање од седум до 10 дена

Во Србија расте бројот новозаразени од коронавирусот, поради што се бара затворање од седум до 10 дена.

Поради растот на бројот новозаразени, Србија викендов ги затвори трговските центри порано.  Според последните податоци, починале уште 16 пациенти со Ковид-19, а вкупниот број жртви досега изнесува 4.398.‬ За денеска тестирани се 15.074, а потврдени се 3.588 случаи на зараза. Во болница се лекуваат 3.832 пациенти, а на респиратор се 153. Од почетокот на пандемијата во Србија од Ковид-19 потврдени се 449.901 ‬случаи на инфекција. За Копаоник се смета дека е жариште на коронавирусот. Нов контингент од 58,500 дози вакцини на „Фајзер-Бионтек“ пристигна во Србија, што преставува досега најголемата единечна испорака на вакцините на ова акомпанија.

GOLD
To Top