Новости

Балкан

Во текот на ноќта три земјотреси кај Петриња

Нов посилен земјотрес, како и два послаби се регистрирани синоќа кај Петриња.

Хрватската сеизмолошка служба објави дека големината на посилниот земјотрес била 3,4 степени.

-Вечерва, на 25 јануари 2021 година, во 01:37 часот наутро, сеизмолозите од Сеизмолошката служба забележаа умерен земјотрес со епицентар на 6 километри југозападно од Петриња. Големината на земјотресот беше 3,4 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот беше IV-V по скалата ЕМС, беше објавено од Сеизмолошката служба на Хрватска.

Земјотрес со јачина од 1,9 степени е регистриран во 3 часот и 13 минути, а земјотрес со јачина од 2,8 степени по Рихтер во 3 часот и 55 минути. Епицентрите на двата послаби земјотреси, како што објави ЕМСЦ, биле во близина на Покупски.

GOLD
To Top