Новости

Балкан

Граничниот премин Евзони од утринава повторно отворен

Министерството за внатрешни работи известува дека според информациите добиени од Република Грција од 05.30 часот утринава (18.02.2021) Граничниот премин Евзони е отворен за секаков вид сообраќај (влез и излез).

Граничниот премин претходно, поради штрајк на грчките цариници, беше затворен од 05.00 часот на 17.02.2021 година.

GOLD
To Top