Новости

Балкан

Грците се налутија за Аја Софија – ги укинуваат турските серии

Поради претворањето на Аја Софија од музеј во џамија, Грците ги укинуваат турските серии.

Грчката телевизија Антена (АНТ1) го укина емитувањето турски серии на својата програма, како одговор на одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, со која Аја Софија стана џамија.

Главниот уредник на телевизијата, Јоргос Пофанитис, вели дека се размислувало, по летната пауза, наесен да продолжи емитувањето на турски серии, но дека одлуката сериите да бидат забранети во целост е донесена по сето она што се случувало со Аја Софија.

На овој канал во изминатите години се емитувани 18 турски серии.

Ердоган на 10 јули потпиша декрет со кој се бараше Аја Софија да стане џамија, а Државниот совет веднаш потоа ја поништи одлуката донесена 1934 година со која Аја Софија беше претворена во музеј прогласувајќи ја за незаконска.

Минатиот петок, на 24 јули, беше одржана и првата молитва во џамијата на која учествуваа Ердоган и неговите соработници. Фреските во Аја Софија беа прекриени со завеси.

GOLD
To Top