Новости

Балкан

Грција го скратува времетраењето на полицискиот час на три и пол часа

Континуираниот пад на бројот на нови пациенти со корона  вирусот од сабота ќе донесе пократок полициски час од три и пол часа.

Воедно ќе има и поголемо отворање на установите, изјави заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас.

Тој рече дека комисијата, составена од експерти што го советуваат Министерството за здравство, одобрила намалување на полицискиот час на само три и пол часа во текот на ноќта, од 01.30 до 05.00 часот од сабота, објави денес весникот „Екатимерини“.

GOLD
To Top