Новости

Балкан

Грција започна со издавање на дигитални сертификати за вакцинација

Грција оваа недела започна со издавање на дигитални сертификати за вакцинација против коронавирус на своите граѓани и најверојатно ќе побара слична потврда од странски туристи. Сепак, земјата, која не може да си дозволи да изгуби уште една туристичка сезона, наиде на ѕид кога се обиде да ја истурка идејата на ниво на Европската унија.

Грците кои ќе примат вакцина против коронавирус, ќе добијат сертификат за дигитална вакцинација, што ќе им овозможи да се движат без ограничувања меѓу регионите во земјата, а патниците кои влегуваат во земјата со сличен сертификат се очекува да бидат ослободени од тестот и карантин.

Грчкиот сертификат содржи информации за идентификација, податоци за примената вакцина и ревакцинација и има три нивоа на заштита – QR-код, единствен код и дигитален печат. Таквата потврда беше воведена на инсистирање на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Тој изјави дека сертификатот ќе се користи за потврда на легалната вакцинација, но и за лична употреба на граѓаните.

„Не станува збор за ограничување, туку тоа ќе ни олесни да се ослободиме од ограничувањата што во моментов ни ги наметнува ковид во патувањата на европските граѓани. Тоа е нешто што посебно ќе значи за нашиот туризам и перспективите на нашата економија, особено пред летната сезона“, рече Микотакис.

GOLD
To Top