Новости

Балкан

Грција ја одобри вакцинацијата против Ковид-19 на деца од пет до 11 годишна возраст

Грчките власти денеска ја одобрија вакцинацијата против Ковид-19 вирусот на деца на возраст од пет до 11 години, започнувајќи со вакцинација на истите од 15 декември.

Првиот датум за вакцинација на децата на возраст од пет до 11 години ќе биде на 15 декември, а платформата за закажување ќе биде достапна од 10 декември, соопштија грчките власти.

Децата ќе се вакцинираат со доза помала од дозата за возрасни, а првата серија вакцини ќе пристигне на 13 декември.

Во Грција во последните 24 часа како последица од Ковид-19 животот го изгубиле 116 лица, а ново-заразени лица се потврдени – 4.943.

Од почетокот на епидемијата во соседната држава починале 18.716 луѓе.

Евротип
Евротип
To Top