Новости

Балкан

Грција ја продолжи забраната за влез до 8 ноември

Грција ја продолжи до 8 ноември одлуката за привремено ограничување на копнените граници со Македонија, Албанија и на Турција, како и за забраната за влез на државјани на трети земји.

Станува збор за министерска одлука како превентива од коронавирусот што во изминатите месеци се продолжуваше на секои 14 дена.

Последните денови нагло се влоши ситуацијата со пандемијата и дневно има речиси по илјада заразани.

GOLD
To Top