Новости

Балкан

Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани

Македонските државјани не се на листата граѓани на кои ќе им биде дозволен влез во Грција од утре. Атина ќе ја следи препораката на ЕУ и одлуката на европско ниво за листата со трети земји, јавува дописничката на МИА од Атина.

Во наредните 14 дена во Грција, следејќи ја европската препорака, влез ќе им биде дозволен на државјнаите на Алжир, Австралија, Грузија, Јапонија, Канада, Мароко, Црна Гора, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Руанда, Србија, Уругвај, Тајланд, Тунис, Кина (ќе се разгледа врз основа на взаемност).

Потпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас истакна дека во однос на копнените граници, на граничните премини со Северна Македонија, Албанија и Турција дозволени се преминувања само за есенцијални причини, односно за членови на семејства на европски државјани, вработени во здравствениот сектор, лица кои се грижат за стари лица, сезонските работници во земјоделскиот сектор, вработените во транспортот, дипломати, меѓународен воен персонал, хуманитарни работници кои се на должност, транзит патници, патници кои патуваат од неопходни семејни причини, студенти.

GOLD
To Top