Новости

Балкан

Грчката забрана за влез останува до 12 октомври

Границите на Грција за нас остануваат затворени до 12 октомври, откако Владата ги продолжи двете министерски одлуки што се однесуваат на привремено ограничување на копнените, морските и авионските поврзувања на земјата и на забраната за влез на државјани на трети земји.

Ограничувањата се од „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот / ковид-19 на грчка територија“.

Туристите и странските државјани за кои не постои забрана, можат да влезат само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен тест направен до 72 часа пред пристигнувањето.

Министерот за здравство Венко Филипче уште минатата недела најави дека во тек се разговори во регионот за отворање на границите. Премиерот Зоран Заев денеска рече дека откако ќе се посстигне некаков договор, последниот збор ќе го има Комисијата за заразни болести, бидејќи како што рече, највисок приоритет е здравјето на граѓаните.

 

GOLD
To Top