Новости

Балкан

Грчкиот остров Калимнос во петдневен строг карантин

Привремено ограничување на движењето на граѓаните во текот на целиот ден и дозволено излегување од дома само за прошетка на милениче или индивидуално спортување, за снабдување со храна или од здравствени причини од утрово е воведено на грчкиот остров Калимос, кој поради зголемениот број нови случаи на Ковид-19, влезе во строг петдневен карантин, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, затворени се сите продавници (со исклучок на супермаркетите, фурните, аптеките), угостителските објекти, пазарите, а забранети се било какви собири и црковни ритуали.

Во изминатите три дена на островот со 16.000 жители беа регистрирани 80 нови случаи на Ковид-19, а во просек, во последните седум дена има по 21 новозаразен дневно .

Строгиот карантин е во сила до понеделник 10 мај во 6 часот наутро.

GOLD
To Top