Новости

Балкан

Грчките острови отворени за туристи, почна редовниот сообраќај со траекти

Редовните линии на траектите до грчките острови од денеска почнаа повторно да сообраќаат, а отворени се и рестораните и баровите, во согласност со забрзаните напори на Грција за зачувување на туристичката сезона.

Посетите на островите генерално беа забранети од крајот на март, а пристап имаа само добавувачите на стоки и локалните жители.

Намалениот број на заболени од коронавирус ја натера грчката влада да ја започне туристичката сезона порано од очекуваното, бидејќи другите медитерански земји, вклучително и Италија, Шпанија и Турција сè уште се соочуваат со епидемија.

На островите се зголемуваат капацитетите во здравствени центри за евентуално нови случаи на коронавирус, а простор за интензивна нега е обезбеден на пет острови: Лезбос, Самос, Родос, Закинтос и Крф, заедно со постојните објекти на островот Крит.

Минатата година, повеќе од 34 милиони туристи престојувале во Грција, а потрошиле 18,2 милијарди евра.

GOLD
To Top