Новости

Балкан

Дојава за бомба на летот на Рајанер од Полска кон Грција, во авионот имало 190 патници

Два авиони Ф-16 го придружувале летот, кој полета од Катовице за Атина, при навлегувањето во грчкиот воздушен простор од Северна Македонија, пренесе АФП, цитирајќи официјален претставник кој додполнил дека Боингот 737 претходно бил придружуван од унгарски воени авиони.

Грчки воени авиони полетале за да го придружуваат авионот на Рајанер на летот од Полска до Атина, во кој имало 190 луѓе, откако била пријавена дојава за бомба, соопштија властите.

Летот слетал на изолирана област на меѓународниот аеродром во Атина денеска попладне, со задоцнување од речиси два и пол часа.

-Патниците се симнаа и се проверуваат, изјави портпаролката на грчката полиција Констанција Димоглиду.

Кога авионот се приближил до Атина, превентивно бил пренасочен над морето.

Пјотр Адамчик, менаџер за односи со јавноста на аеродромот во Катовице, изјави дека добиле телефонско предупредување додека авионот летал над Словачка.

– По полетувањето на авионот, имаше повик до информативниот центар на аеродромот за можно присуство на експлозивна направа во авионот. Ја контактиравме контролата на летање, која потоа контактираше со пилотите, изјави Адамчик.

Полицијата на излезот ги претресувала сите патници, а нивниот багаж бил нареден пред авионот.

Евротип
SNBROKER
To Top