Новости

Балкан

Еве како се радуваат Србите кога им кажуваат дека може да влезат до Грција

Огромни редици возила и заглавени автомобили во неутралната зона, беше рано утрово сликата на грчко- бугарската граница, откако српски туристи уште од полноќ пристигнале на граничниот премин Промахонас (Кулата) и чекале речиси цела ноќ, за во Грција да влезат пред шест часот, односно пред да стапи во сила забраната за влез на државјани на Србија, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми околу 40-50 автомобили со туристи од Србија, во поголемиот број семејства биле заглавени во неутралната зона на бугарско – грчката граница, откако не успеале да влезат во Грција пред шест часот.

По реакциите од туристите, од грчка страна, како што објави телевизијата „Open“, околу 8 часот утрово, бил направен исклучок, рампата била крената и оние кои биле заглавени меѓу двата гранични премини започнале да влегуваат во Грција.

Како се радуваа српските туристи кога им беше дозволено да поминат може да погледнете ТУКА.

GOLD
To Top