Новости

Балкан

Евзони затворен и денеска, сообраќајот пренасочен кон Меџитлија и Дојран

Поради протестот на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони и денеска ќе биде затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај, информираат од АМСМ.

Сообраќајот е пренасочен преку премините Дојран и Меџитлија. Кај Дојран има задржување околу половина час.

Блокадите на грчките земјоделци почнаа минатиот понеделник и траат веќе една недела, а причина за блокадите е протест поради високите даноци.

На останатите патни правци во Македонија сообраќајот се одвива по влажни коловози на места со магла и слаба видливост до 50 метри.

 

 

GOLD
To Top