Новости

Балкан

Евзони се уште затворен за сообраќај

Поради штрајкот на грчките земјоделци повеќе од две недели е блокиран граничниот премин евзони на македонско грчката граница. Протести има и низ целата територија на Грција. Останатите два премина Меџитлија кај Битола и Дојран се отворени.

 

Дел од грчките земјоделци се упатија за Атина  со цел да учествуваат во утрешните протести. Треба да одржат и средба во грчката влада, од каде што се надеваат дека ќе им биде одговорено на барањата за мерките за штедење. Пред два дена преговорите со на земјоделците со владата беа неуспешни.

GOLD
To Top