Новости

Балкан

Експлозија пред банка во Атина, нема повредени

Мала експлозивна направа синоќа беше детонирана пред канцелариите на „Еуробанк“ во  Атина, а од експлозијата биле скршени прозорците, оштетен бил влезот, а помала штета претрпеле и соседните згради. Полицијата рече дека нема повредени во експлозијата.

Чуварот во банката видел како две лица на мотоцикл оставиле торба пред објектот и продолжиле натаму.

Истовремено, еден новински веб сајт добил телефонски повик дека бомбата ќе експлодира за 35 минути. Полицијата веднаш по дојавата ги блокирала улиците во близина на банката, а експлозијата се слушнала и во централните делови на Атина.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, но се претпоставува дека тоа е дело на анархистите од групата Заговор на огнените ќелии.

GOLD
To Top