Новости

Балкан

Ердоган : До април ќе биде подготвена турската вакцина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека вакцината против Ковид-19 развиена во Турција може да биде подготвена за употреба до април.

Обраќајќи им се на пратениците од неговата владејачка Партија на правдата и развојот, Ердоган исто така рече дека кога вакцината ќе биде подготвена, Турција планира да ја сподели со светот, објави АП.

Ердоган рече дека Турција повеќе пати ги повикувала земјите да не ја жртвуваат вакцината за политички и трговски амбиции и да ја направат заедничка сопственост на целото човештво.

„Планираме да ја ставиме вакцината што ја развиваме во служба на целото човештво под најдобри можни услови“, посочи Ердоган, не наведувајќи други детали.

Вакцината, еруков-вак, што ја развива Универзитетот во Еркијас, во моментов ја поминува првата фаза на тестирање во централната турска провинција Кајсери.

Ректорот на универзитетот во Еркијас, Мустафа Јалис, неделава рече дека наскоро ќе започне втората фаза на тестирање.

GOLD
To Top