Новости

Балкан

ЕУ ги отстрани и Србија и Албанија од листата на безбедни земји

Европската унија ги отстрани и Србија и Албанија од листата на безбедни земји поради состојбата со коронавирусот. Претходно од листата беше отстранета и Македонија, како и Црна Гора и Косово. Во овој момент од земјите во регионов, само Босна и Херцеговина се наоѓа на листата на безбедни земји.

Отстранувањето од листата значи дека почнуваат да важат рестриктивни мерки при влез во ЕУ од страна на граѓаните од земјите кои се означени како небезбедни.

Освен Србија и Албанија, денеска статусот на безбедни земји го изгубија и Азербејџан, Брунеи, Јапонија и Ерменија.

ЕУ наведува дека листата, како што беше и досега, ќе продолжи да се ревидира на секои две недели.

Евротип
Евротип
To Top