Новости

Балкан

Ковид-мерките за влез во Грција продолжени до 1 октомври

Мерките за влез во Грција, односно задолжителен документ за ковид-19, како и пополнет ПЛФ формулар, кои важат и за македонските државјани, се продолжени за уште една седмица, до 1 октомври, јавува МИА од Атина.

Промени нема ни во однос на мерката за лицата кои патуваат со негативен тест, за нив и понатаму е задолжително тестирање при влезот во Грција, а за патување од Македонија отворени се сите гранични премини.

Согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“ што е веќе објавена во Службен весник на Грција, а во 6 часот утрово стапи во сила, сите посетители „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“, исто како и во изминатите четири месеци имаат четири опции, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со ковид-19.

Евротип
Евротип
To Top