Новости

Балкан

Комитова: Пожарот, а не патот е главна причина за жртвите во автобусот на „Беса транс“

Министерот за регионален развој и јавни работи на Бугарија Виолета Комитова денеска на прес конференција ги презентираше резултатите од увидот на патниот правец Драгичево – Долна Дикања, делница на која се случи автобуската несреќа во која загинаа 45 граѓани на Република Северна Македонија.

Увидот на делницата меѓу Драгичево и Горна Дикања беше спроведен откако беа констатирани проблеми во патната инфраструктура, што можеле да придонесат за кобната несреќа.

Според Комитова историјата на овој патен правец започнува во 2002 година, со одобрен технички проект и градежна дозвола. Во 2006 година има дополнителна дозвола за изградба на патни клучки. Актот е издаден во 2007 година и има ограничување на брзината од 90 километри на час. Поради некоја причина, во 2013 година максимално дозволената брзина е зголемена на 120 километри на час.

– Не можеме да тврдиме дека зголемувањето на максималната брзина од 120 километри на час е главната причина за несреќата. Грубоста на површината на патот е во прилично добра состојба. Во однос на заштитната ограда наречена „рибна опашка“ истата ги исполнува стандардите. Наводно, несреќата не била со голема брзина, но избувнал пожар. Имаме многу чуден настан – пожар, што мислам дека е главната причина за жртвите. Немаме објаснување како точно изгоре овој автобус – додаде таа.

Она што може да го направи Министерството за регионален развој и јавни работи како краткорочни мерки е да ја замени ознаката и да ја намали максималната брзина на 90 км/ч, рече министерката Комитова.

Евротип
SNBROKER
To Top