Новости

Балкан

Крузер во Грција ставен во карантин: 922 патници не смеат да го напуштат бродот поради позитивни меѓу екипажот

Поради откриенипозитивни случаи на Ковид-19 меѓу членови на екипажот на голем туристички крузер во Грција, 922 патници се ставени во карантин и не смеат да го напуштат бродот.

Заразата е откриена по случајното тестирање на 150 од 666 членови на екипажот на крузерот „Мајн Шиф 6“.

Во понеделникот ги добивме резултатите од тестирањето на персоналот и беше утврдено дека 12 члена на екипажот се позитивни на корона вирус. Како дел од мерките на претпазливост и во согласност со строгите мерки за продолжување на крстосувањето, со властите во Грција е договорено позитивните лица веднаш да бидат ставени во изолација на бродот – соопштија од туристичката компанија „Туи“.

Крузерот со знаме на Малта патувал преку Пиреја до Крф. Капетанот престанал да плови веднаш штом дознал за резултатите од позитивните тестови и се закотвил пред островот Милос, се додека грчките власти не му наредиле да се упати кон пристаништето во главниот град.

Грчките медиуми јавуваат дека сите 922 патници ќе бидат затворени во своите кабини за време на патувањето. Сепак, ова тврдење беше демантирано од компанијата „Туи“, која управува со овој луксузен брод заедно со американската компанија „Ројал карибијан“.

Експертите за јавно здравје ќе го посетат крузерот кога ќе пристигне во Пиреја, а властите навестија дека никој нема да смее да се симне од бродот.

GOLD
To Top