Новости

Балкан

Македонија симната од листата земји за чии граѓани се отворени границите во Црна Гора

Црна Гора од денеска ги отвори границите за 131 земја во кои стапката на активни случаи инфицирани со коронавирус е помала од 25 на 100.000 жители. Од таа листа се симнати Македонија и Ирска, поради прогрес на заразените во последните денови.

Денеска почнале да пристигнуваат и првите странски туристи на јадранскиот брег, информираат од црногорската Влада.

Ова значи дека секој македонски државјанин кој ќе сака да влезе во Црна Гора, ќе оди во задолжителна 14-дневна изолација.

GOLD
To Top