Новости

Балкан

Македонците кои се вакцинирале во Ниш, втората доза најверојатно ќе ја примат во Врање

Странците кои сакаат да се вакцинираат во Србија мора да бидат регистрирани преку е-порталот и да се во некаков вид на работен однос. Странските граѓани, пред се Македонците кои биле вакцинирани во Ниш, втората доза најверојатно ќе ја добијат во Врање, изјавил денес Директорот на здравствениот центар во Ниш, Милорад Јеркан.

Според него, Македонците и другите странци кои биле вакцинирани во Ниш, најверојатно ќе бидат ревакцинирани во Врање, но за тоа сè уште не е конечно одлучено.

Околу 15.000 македонски државјани се вакцинирани во Србија, изјави неодамна српскиот министер за здравство Златибор Лончар по средбата со министерот Венко Филипче во Белград. За нивната ревакцинација Лончар кажа дека ќе се направи договор со македонското Министерство за здравство и можно е тие да ја добијат втората доза во земјава.

Македонските граѓани во Србија во најголем број се вакцинирани во „АстраЗенека“ која во Македонија не се дава на лица под 60 години. На новинарско прашање каде овие лица ќе се ревакцинираат со оглед на одлуката на македонските здравствени власти, Лончар кажа дека можноста тоа да се направи во Србија е најмалку што можат да направат.

GOLD
To Top