Новости

Балкан

Медицински сестри во Хрватска правеле забава во ковид болница

Телевизијата РТЛ, објави видео од забава во ковид-болницата Дубрава, во Хрватска.

Снимката е направена на почетокот на овој месец, а вработени од болницата ја испратиле до телевизијата.

На видеото се гледа дека медицинските сестри и друг персонал пеат и играат на жива музика, без придржување кон епидемиолошките мерки, без дистанца, без маски, а инструментите на музичарите се украсени со банкноти.

Директорот на болницата изјавил дека не бил запознаен со случајот, но дека ќе го испитаат.

GOLD
To Top