Новости

Балкан

На располагање бесплатни брзи тестови за КОВИД-19 за грчките ученици

Учениците од сите возрасти и класови можат да добијат по шест брзи тестови за коронавирус бесплатно од аптеките низ целата земја од 8 до 17 септември.

Невакцинираните ученици треба да вршат само-тестирање двапати неделно (вторник и петок). Вакцинираните се ослободени од оваа обврска, објавија грчките медиуми.

Училиштата во Грција повторно се отвораат в понеделник, на 13 септември.

Евротип
Евротип
To Top