Новости

Балкан

На 65-годишна возраст почина актерката Мира Фурлан

Легендарната актерка, Мира Фурлан почина на 65-годишна возраст. Таа почина во средата, на 20 јануари, а веста ја објави Мајкл Стразински, со кого работеше на серијата „Вавилон 5“.

Ѕвездата на југословенската кинематографија, со своите улоги, ја одбележа деценијата пред колапсот на Југославија и нејзината уметничка сцена.

Родена е во Загреб, на 7 септември 1955 година. Фурлан со години живееше во САД, каде играше неколку улоги, меѓу кои се истакна во екстремно популарната холивудска серија „Вавилон 5“.

Од 2004 до 2008 глумеше во американската серија „Изгубени“ („Lost“).

Славната актерка предаваше на Одделот „Либерална уметност и наука“ на високо ценетата њујоршка академија за филм во Лос Анџелес.

Во раните 90-ти, во време кога омразата меѓу Србите и Хрватите растеше, Мира Фурлан беше мета на предрасуди и главно негативни коментари и осудувања за предавство, поради нејзината врска со српскиот режисер Горан Гајиќ, кој стана нејзин сопруг.
Тоа беше причината да се преселат во САД во 1991 година.

GOLD
To Top