Новости

Балкан

Невреме во Грција – поплави во Солун и Атина, еден исчезнат на островот Евија

Невремето „Балос“ веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во Грција, на островот Евија во тек е потрага по исчезнат маж, а во Атина во сила се превентивни мерки, затворени се јавните служби, училишта и градинки.

Потрага по исчезнат 69-годишен маж во Евија е започната од доцна синоќа, вклучени се 20 пожарникари со седум возила, тим од специјалната единица за справување со катастрофи и еден хеликоптер.

Денеска проблеми поради обилниот дожд има и на Халкидики и Крф, а во Солун пропаднал автобус на улица, откако се отворила дупка на асфалтот, за среќа нема повредени патници.

Евротип
Евротип
To Top