Новости

Балкан

Неколку послаби земјотреси ги вознемирија жителите на Загреб

Во Загреб ноќеска и утрово се регистрирани послаби земјотреси.

Жителите на хрватскиот главен град се во постојан страв од нов голем земјотрес, особено заради разорниот земјотрес кој во март предизвика голема материјална штета.

Томислав Фикет од хрватската сеизмолошка служба за телевизијата РТЛ изјави дека релаксацијата на почвата и помалите земјотреси можат да продолжат.

Фикет предупреди и дека постои можност Загреб да биде погоден од посилен земјотрес отколку во март, затоа што, како што објасни, колку и да се драстични последиците, за жал, тоа не е максималната енергија што може да се очекува да се ослободи во областа на Загреб“.

GOLD
To Top