Новости

Балкан

Нема руска нафта за Србија од 1 ноември

Србија нема да купува руска нафта преку Јадранскиот гаасовод ЈАНАФ од 1 ноември, бидејќи таа ќе биде 20 отсто поскапа поради санкциите на ЕУ. Според премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се работи за „експлицитно барање и ултиматум“ на Хрватска кој директно ќе им нанесе штета на Србија и нејзините граѓани во вредност од стотици милиони евра, пишува Н1.

– Европската унија ги дозволи овие санкции на штета на животот и стандардот на сите граѓани на Србија, вклучително и припадниците на хрватското национално малцинство. Ова ќе нѐ чини стотици милиони евра – изјави Брнабиќ на телевизија Хепи.

Според нејзиното мислење, Хрватска ги побарала санкциите, „и се гордее со тоа“, бидејќи Србија се обидува да ги казни одговорните за злосторството кај Босански Петровац во август 1995 година, кога хрватските авиони убија цивили, вклучително и деца.

– Во своите јад и беда, хрватското раководство не ни криеше дека тоа го направи. Ова е отворен чин на непријателство на Хрватска кон Србија – изјави Брнабиќ.

– Тоа што мислеа дека ќе ѝ го направат на Русија, ни го направија нам во средата, бидејќи зависиме од нафтоводот од Хрватска. Го користат за политички уцени и реваншизам. Ја користат енергијата за политичка војна и одмазда. Хрватска и ЕУ тоа го дозволија. Ја користат енергијата за политички цели – рече Брнабиќ и додаде дека едвај чека ЕУ да го објасни тоа.

Евротип
SNBROKER
To Top