Новости

Балкан

Не ви треба ковид сертификат за влез, Грција ги укина скоро сите епидемиолошки мерки

Ако патувате кај јужниот сосед, веќе не би треба ковид сертификат. Соседна Грција од денеска ги укинува скоро сите епидемиолошки мерки против коронавирус.

Останува само задолжителното носење маски во затворени простории, а таа мерка ќе биде на сила најмалку до крајот на мај, пишува „Катимерини“. Повеќе нема да бидат потребни сертификати за вакцинација, негативни ПЦР тестови, како ниту оние за во ресторани, кафулиња или културни институции. Останува на сила мерката дека вработените во здравствените установи мора да се тестираат со брз антиген тест двапати неделно, додека во училиштата и некои други установи оваа обврска ќе се намали на еднаш во седум дена. Многу земји во регионот и светот ги олеснија мерките за заштита од коронавирусот. И во Бугарија од денеска можете да патувате без ковид сертификат.

Евротип
SNBROKER
To Top