Новости

Балкан

Нови рестрикции во Хрватска

Нов пакет мерки ќе бидат донесени од страна на штабот за цивилна заштита на Хрватска бидејќи состојбата со коронавирусот е сериозна, најави премиерот Андреј Пленковиќ.

Според него, и покрај тоа што зголемувањето на бројот на новоинфицирани веќе не е толку голем како во октомври, сепак дневните бројки и натаму се високи.

Според него, потребни се дополнителни напори за да се намали оптоварувањето на здравствениот систем.

Хрватскиот вицепремиер и шеф на штабот за цивилна заштита, Давор Божиновиќ, рече дека се подготвени опции за воведување дополнителни епидемиолошки мерки за цела Хрватска, со оглед на зголемувањето на бројот на заразени.

Евротип
SNBROKER
To Top