Новости

Балкан

Ноќеска девет земјотреси околу Петриња

Ноќеска, во 2.50 часот сеизмографите на Сеизмолошката служба на Хрватска забележаа потрес со епицентар 11 км западно-северозападно од Петриња.

Магнитутада била 3,1 степен според Рихетр, а IV степен по ЕМС скалата.

„Добро се слушаше, затресе еднаш кратко“, сведочат жители на Сисак.

Потресот бил почувствуван и во Велика Горица и Долни Ступник.

„Велика Горица се затресе. Како детонација од далечина“, велат жителите.

„Некаква бучава во далечина. Како некој тежок камион да оди по улица. Неколку секунди“, напиша една жена од Ступник.

Од полноќ во околината на Петриња се случиле уште осум потреси со магнитуда од 2 и 3 степени, од кои најсилниот од 2,8 степени по Рихтер бил во 2.13 часот.

Последниот забележан е утрово во 7.36 часот, но послаб со јачина од 1,7 степени, со епицентар на 16 км од Петриња.

Евротип
Евротип
To Top