Новости

Балкан

Од денеска започнуваат рестрикциите на Косово: Струја ќе се исклучува на секои шест часа

Косовското претпријатие за електродистрибуција (КЕДС) денеска од осум часот започна со ограничување на електричната енергија. Потрошувачите ќе имаат струја шест часа, а потоа два часа ќе бидат исклучени.

Потрошувачите ќе се снабдуваат само со струја од домашно производство, бидејќи КЕДС веќе нема финансиски средства да купува струја, јавува Танјуг.

Од КЕДС наведуваат дека ваквата состојба настанала поради енормните цени на електричната енергија на меѓународните пазари и поради недоволното покривање на трошоците на системот.

Евротип
SNBROKER
To Top