Новости

Балкан

Од денеска започнува издавањето сертификати за вакцинираните во Грција

Сертификатот за вакцинација против коронавирусот може да се добие од денес во грција заграѓаните кои биле вакцинирани со обете дози на вакцината, потврди министерот за дигитализација Кирјакос Пјеракакис.

Сертификатот за вакцинација се издава преку платформата gov.gr, а досега во Грција по два пати се вакцинирани голем дел од медицинскиот персонал, старите лица и ранливите групи.

Сертификатот што ќе го добијат граѓаните има единствен код за верификација и напреден електронски печат со кој сертификатот ќе може да се испрати по електронски пат или пак да се објави јавно.

GOLD
To Top