Новости

Балкан

Од земјотресот во Хрватска оштетени скоро 9.000 објекти

Во земјотресот во Хрватска се оштетени 8.928 згради, изјави жупанот Иво Жиниќ.

Од 8.928 објекти во кои е пријавена штета, 20% се целосно срушени или сериозно оштетени и повеќе не можат да се користат, за 24% од објектите ќе биде потребен дополнителен статички преглед, а 54% од објектите може да се користат и покрај штетата.

„Бројот на оштетени згради сигурно ќе биде поголем, бидејќи извештаите сè уште не се готови“, рече Жиниќ.

Во погодената област, голем број волонтери помагаат во обнова на помалку оштетените објекти за да можат што побрзо да се користат повторно.

GOLD
To Top