Новости

Балкан

ОМИКРОН-СОЈОТ СТИГНА ВО СОСЕДНА ГРЦИЈА Граѓанин од Крит го донел вирусот од Јужна Африка

Во Грција е откриена нова мутација на коронавирусот, наречена омикрон, потврди министерот за здравство Танос Плеврис, јавува Нова. Заразен е грчки државјанин на Крит, кој неодамна пристигнал од Јужноафриканската република и моментално е во карантин. Кога стигнало на аеродромот минатиот петок (26 ноември), лицето се покажало негативно, но три дена подоцна било позитивено на ПЦР-тестирање.

– Излегува дека станува збор за омикрон-сојот. Сите контакти на пациентите беа следени и нивните тестови биле негативни на коронавирусот. Тие сѐ уште се под надзор – рече Теоклис Заутис, претседател на грчката национална здравствена организација.

Евротип
Евротип
To Top