Новости

Балкан

Петта фаза од ублажувањето на мерките во Грција

На помалку од еден месец од завршувањето на карантинот, денеска во Грција започнува петтата фаза од ублажувањето на рестриктивните мерки и постепеното враќање во „новата нормалност“, но и овој пат, под посебни услови и правила, јави дописничката на МИА од Атина.

По средношколците, денеска во училишните клупи се враќаат и учениците од основните училишта, а се отвораат и градинките.

Паралелно Грција полека почнува да се подготвува за туристичката сезона, со отворање на хотелите што работат во текот на целата година, како и на камповите.

Грците од денеска ќе можат да уживаат во кината на отворено, но и да земат книги од библиотеките.

Се укинуваат и сите ограничувањата во однос на возраста за тренирање на спортистите на отворените спортски терени, од денеска е дозволена употреба и на соблекувалните, додека пак за викендот дозволен е почеток и на натпревари, но без присуство на публика.

Од денеска започнуваат со работа и кетеринг службите, студијата за тетовирање и дел од судовите.

 

Зелено светло за од денеска да ги отворат вратите за гостите, добија хотелите кои се отворени во текот на целата година, а истото важи и за камповите во Грција.

Ќе работата под посебни здравствени протоколи, што ќе важат и за сезонските туристички објекти кои ќе се отворат за две седмици, што ќе биде и официјалниот старт на туристичката сезона во Грција, со отворање на копнените граници и дозвола за патување за посетители од 29 земји.

GOLD
To Top