Новости

Балкан

Повторно земјотрес во Хрватска: Се слушнал удар, а потоа почнало да тресе

После неколку дена мир, во 05:37 часот утрово повторно се затресе Хрватска.

Според податоците на ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 4,1 степени според Рихтерова скала со епицентар три километри од Глина. Треперењето од неколку секунди се почувствувало се до Загреб.

„Се слушна удар и потоа почна да тресе. Потоа повторно она исто глупо чувство и звуци на чкрипење на враттите и прозорците по станот“, раскажала една Хрватска за локалните медиуми.

GOLD
To Top