Новости

Балкан

Покрај леталото што се урна во Загреб пронајдени делови од авиобомба

Хрватскиот министер за одбрана, Марио Баножиќ, изјави денеска дека покрај военото летало од советско производство, што се урна во Загреб, пронајдени се и делови од авиобомба.

„Пронајдени се траги од експлозив и траги кои укажуваат дека ова не било извидничко летало. Најдовме делови од авиобомба која се користи во авионите од советско производство“, изјави Баножиќ.

На локацијата покрај Студентскиот дом во Загреб, денеска беше извлечен трупот на леталото од кратерот на местото на кое се урна во четвртокот.

„Заклучивме дека леталото е од советско производство. По анализата ќе може да кажеме и која била целта“ – истакна хрватскиот министер за одбрана.

Евротип
SNBROKER
To Top