Новости

Балкан

ПОПУЛАРНИТЕ МИКОНОС, КРИТ, ИОС СЕ ОЗНАЧЕНИ ЦРВЕНО: Секојдневно се зголемува бројот на заразени на грчките острови

Дел од грчките острови беа означени со темно црвена боја од страна на Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ)откако бројот на нови случаи на корона вирусот значително се зголеми. Како што исзвесуцаат грчите медиуми, станува збор за едни од најпосакуваните туристички дестинации: Миконос, Иос, Санторини, Крит и Родос, на кои секоја година летуваат милиони луѓе од цел свет.

Според заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардалијас, Иос и Миконос, се на работ да бидат ставени под нова рунда ограничувања.

Вели дека 46% од новозаразените севработени во ресторани, клубови и хотели.

Истовремено нагласи дека остовите во Јонското Море, Закинтос, Тинос, Лефкада, исто така, се ставени под зголемен надзор бидејќи во последните 10 дена имаат постојан раст на случаите.

Вчера во Грција беа потврдени 2.696 нови случаи на национално ниво, но со рекордни 102.000 тестови и девет смртни случаи поврзани со Ковид. Бројот на интубирани пациенти беше 157, додека бројот на нови приеми во болница е 173.

СН Брокер
To Top