Новости

Балкан

По сообраќајката во Бугарија: Сопственикот на српскиот автобус доби 99, а закупецот четири казни за тешки прекршоци

Според Обвинителството техничкиот преглед е завршен и ништо не укажува дека автобусот е неисправен, а најверојатно причина за несреќата е човечка грешка
Дванаесет деца на возраст од 6 до 16 години и четворица возрасни се повредени во неделата на 14 август кога автобусот со членовите на фолклорниот ансамбл ЈУ Лира од Батајница се преврте на автопатот „Тракија“ на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора
Сопственикот на српскиот автобус кој падна во ендек на автопатот „Тракија“ во Бугарија на 14 август доби 99 казни за тешки прекршоци, а закупецот на автобусот е казнет со четири казни за тешки прекршоци, објавуваат српските медиуми.

„Припадници на сообраќајната полиција извршија надзор над правното лице – сопственикот на тоа возило, како и претприемачот кој е корисник на автобусот по договор при што, правното лице – сопственик на возилото е констатирано дека сторил прекршоци од Законот за работното време на екипите на возилата во патниот превоз и тахографите, за што му се изречени 99 прекршочни наредби со глоба во вкупен износ од 3 510 000 динари како и барање за поведување прекршочна постапка согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“,

соопштија од српското Министерството за внатрешни работи.
Надзорот кај корисникот на возилото по договор за закуп, кој инаку поседува важечка дозвола за превоз на патници, констатирани се прекршоци од Законот за работно време на екипите на возилата во патниот превоз и тахографи, за што му се изречени четири прекршочни казни со вкупна глоба од 420 000 динари, а поднесено е и барање за поведување прекршочна постапка по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Според Обвинителството техничкиот преглед е завршен и ништо не укажува дека автобусот е неисправен, а најверојатно причина за несреќата е човечка грешка.

По оваа несреќа, се најавува дека припадниците на Управата на сообраќајната полиција, покрај редовните контроли, ќе ја засилат контролата на превозниците и автобусите кои се користат за организиран превоз на деца по повод почетокот на учебната година.

Дванаесет деца на возраст од 6 до 16 години и четворица возрасни се повредени во неделата на 14 август кога автобусот со членовите на фолклорниот ансамбл ЈУ Лира од Батајница се преврте на автопатот „Тракија“ на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата патуваа од Несебар.

За среќа нема жртви.

Двете деца кои од болницата Старо Загора прво беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија денеска со два хеликоптери ќе бидат пренесени во Србија. Судот во Стара Загора ќе ја разгледува мерката притвор за возачот на автобусот.

Евротип
SNBROKER
To Top