Новости

Балкан

Прв случај на африканскиот сој на корона вирусот во Косово, пациентот е хосипитализиран во Приштина

На Косово е детектиран африканскиот сој на корона вирусот. Потврда за ова има од Националниот институт за јавно здравје на Косово, од каде објавија дека има еден случај на лице заразено со т.н африканска варијанта на Ковид-19.

-Пациентот веднаш е примен на болничко лекување во Клиниката за инфективни болести во Приштина, а истовремено здравствените власти ги испитуваат неговите контакти со цел да откријат и евентуално други случаи, се наведува во соопштението на косовскиот Институтот за јавно здравје.

Инаку и во Косово, сосема слично како и во останатите држави на Балканот, епидемиолопката крива е во надолна линија, дневно има по 10 до 15 новозаболени, во изминативе десеттина дена. На Косомо има 1.074 активни случаи денеска.

Евротип
Евротип
To Top