Новости

Балкан

Продолжуваат блокадите на грчката граница Евзони

Блокадата на граничниот премин Евзони, на македонско-грчката граница, продоложува и денеска. Сообраќајот во двата правца поради протест на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони, од грчка страна, е во прекин од 30 јануари 2017 година.

Затворената граница не е проблем само за транспортерите туку и за граѓаните од двете земји што сега за да влезат во Грција или во Македонија треба да го користат граничниот премин Дојран. Јавна тајна е дека стотици Грци и Македонци секојдневно ја поминуваат границата, соседите доаѓаат кај нас за поевтини цени и услуги, ние ги посетуваме за шопинг, кафе во Солун и летни одмори.

Проблеми нема само на границата со Македонија и само за транспортерите. Возачите на автомобили за да стигнат до својата дестинација во Грција треба да патуваат многу подолго за да не налетаат на блокада од земјоделците. Сообраќајот секојдневно е во прекин по неколку часа на автопатот од Атина до Солун кај градовите Ламија и Лариса, патот што ги поврзува Солун и Серез, на југ блокади има на автопатот меѓу Патра и Коринт, а доколку земјоделците решат да постават блокада кај месноста Темпи, тогаш, исто како и лани, Грција ќе биде поделена на 2 дела. Грчките земјоделци, засега, имаат поставено 32 блокади низ целата земја, а не е исклучена можноста, во следните денови, овој број, дополнително да се зголеми.

GOLD
To Top